Стрелецот на најпознатиот пенал во историјата на фудбалот хоспитализиран поради корона

epa03022527 Antonin Panenka, member of the Czechoslovakia team that won the European Championship 1976, appears on stage during the UEFA EURO 2012 draw ceremony in Kiev, Ukraine, 02 December 2011. EPA/SERGEY DOLZHENKO

Антонин Паненка, легендарниот чешки фудбалер и човекот кој го изведе најпознатиот пенал во историјата на фудбалот е хоспитализиран во болница во Прага бидејќи е позитивен на коронавирус.

Паненка има 72. години и спаѓа во ризичната група и поради тоа е префрлен на одделот за интензивна нега, објави чешкиот прволигаш Бохемијанс 1905, клуб во кој Паненка е директор.

„Антонин Паненка во сериозна здравствена состојба е однесен на одделот за интензивна нега. Не сакаме да коментираме за неговата состојба. Тонда, бори се“, објави Бохемијанс 1905.

Паненка во својата професионална кариера постигна повеќе од 300 гола, а еден го прослави и го запиша во историските книги на фудбалот. Пред 44 години, Паненка и ја донесе европската титула на Чехословачка. Во финалето против Западна Германија во последната пенал серија, тој го надмудри Сеп Маер со изведување на сега најпознатиот пенал во историјата.
Маер се фрли на страна, а Паненка само ја поткопа топката која влезе во мрежата по средина на голот и оттогаш тој пенал се нарекува „Паненка“.

– По тренинзите во Бохемијанс често останував и заедно со голманот вежбав изведубање на пенали. Игравме за чоколадо или чашка пиво бидјеќи знаев дека е одличен голман и се друго ќе беше скап облог. Пред спиење дојдов на идеја како да го изведам тој пенал, почнав да го тестирам на тренинзите и полека да го применувам. Во финалето против Западна Германија избрав да шутирам така бидејќи сфатив дека тоа беше најлесен и наједноставен начин да постигнам гол – зборуваше Паненка во минатото за легенданриот пенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот