„СТРАВУВАМ ЗА СЕМЕЈСТВОТО, МИ СЕ ЗАКАНУВА“ Брутално претепаната манекенка СТРАВУВА за животот

Тања Ѓукиќ (24), српската манекенка која во јуни во Турција брутално беше претепана од тогашното момче Чагри Тортоп, инаку познат продуцент во Истанбул, вели дека повторно стравува поради насилникот, бидејќи тој сега дошол во Србија.

Откако во јуни оваа година преживеа брутално насилство од страна на Турчинот, Тања полека закрепнува и продолжува со својот живот. Таа се врати во Турција и започна самостоен живот, работејќи и издржувајќи се сама.

Мислела дека пеколот кој го преживеала сега е зад неа, а дека приказната ќе добие епилог на судењето за насилство кое наскоро би требало да почне. Меѓутоа, како што вели, Турчинот монструм ненадејно дошол во Србија, поради што многу стравува.

– По тепањето и малтретирањето низ кое поминав, бегството кај семејството и пријавата во српската полиција, тој сега дошол во Србија. Бидејќи претходно преку заеднички пријатели ми се закануваше дека ќе ме уништи мене и моето семејство, стравувам дека сега би можел да посегне по моите најблиски – раскажува вознемирено Тања.

Дека Чагри навистина е во Србија, потврдија и објавите на неговите социјални мрежи. Иако никаде не е наведена причината за неговата посета на Србија, по низата закани кои се однесувале токму на нејзиното семејство, девојката сега стравува за безбедноста на најмилите.

Непријатниот случај кој несреќната девојка го доживеа се случи во јуни оваа година, по едно нејзино снимање. Турчинот ја почекал да заврши со работа и кога влегла во неговиот автомобил започнал со изливи на љубомора, мислејќи дека Тања флертувала со фотографот.
И покрај нејзините обиди да му објасни дека тоа не е точно, тој не се откажувал. Пеколот следел кога дошле во станот.

– Дојдовме во станот каде ми ја искина целата облека, ми го одзема телефонот, ја заклучи вратата и ги спушти сите метални заштити за прозори за да на повикам помош. Тогаш почна да ме тепа со што стигне, со нозе, раце, со тупаници… Ме принудуваше да признаам што сум правела на сликањето, а јас немав што да признаам бидејќи ништо не правев. Насилството започна околу 19 часот, а јас останав без свест околу два по полноќ – раскажа тогаш манекенката.

За тие неколку часа малтретирање таа се здобила со тешки повреди, крварела од увото, нејзиното тело речиси цело било помодрено, неколку пати се онесвестила, молејќи го цело време да престане. Откако утрината се освестила, некако успеала да го убеди дека се му простува, ставила марама и црни очила и го убедила да одат на кафе. Во првото кафуле таа замолила за помош и повикала полиција.

Несреќната девојка потоа се вратила во родната Србија, мислејќи дека на тој начин ќе побегне од насилникот. Меѓутоа, таа сепак истакнала дека не се чувствува безбедно и дека стравува бидејќи тој и преку заедничките пријатели и се заканувал дека ќе ја уништи неа и целото нејзино семејство.

Најмногу и замерил поради тоа што му ја упропастила кариерата и во јавност ги изнела сите детали од злоставувањето и фотографиите.

Во меѓувреме Чагри Тортоп полицијата го повикала на разговор, а тој дал лажна изјава дека таа преувеличува и дека е хистерична и сама се повредила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот