Стравувајќи од нови потреси, луѓето во неколку турски градови се кријат во своите автомобили

По ужасниот земјотрес кој утринава ги погоди Турција и Сирија, луѓето ги напуштиле своите домови и се скриле во своите автомобили, стравувајќи од последователни потреси.
Како што пишува „Гардијан“, спасувачките екипи сѐ уште се на терен и се справуваат со последиците. На улиците низ градовите владее целосен хаос, луѓето си викаат еден на друг, обидувајќи се да најдат преживеани урнатините.
Жителите на градот Пазарчик велат дека се плашат за луѓето затрупани под паднатите згради. Нихат Алтундаг, жител на градот, раскажува дека силниот земјотрес го разбудил.
“Нашата куќа изгледа цврсто однадвор, но внатре има пукнатини. Околу мене има уништени згради, има куќи што горат. Има згради кои пукаат. Се урна зграда на само 200 метри од местото каде што сум сега. Фала му на Бога, нашиот пријателите се безбедни, но слушнавме дека има луѓе кои не можат да излезат од своите домови и има луѓе до кои не можеме да дојдеме“, изјави тој за „Гардијан“.
Низ улиците на градот има голем број вознемирени луѓе, а поради предупредувањата од локалните служби за итни случаи дека луѓето сè уште може да останат заробени под урнатите згради.
„Зградата во која живеам не е толку висока и е изградена според прописите за земјотреси за да не се сруши. Но, сè уште има пукнатини на ѕидовите. Еден мој сосед го скрши грбот скокајќи од балконот за време на земјотресот и тој е сега во болница“, вели еден жител.
Тој вели дека цивилите избезумено се обидуваат да им помогнат да ги ископаат своите соседи од под срушените згради.
„Двајца мои пријатели моментално се под урнатините, се обидуваме да дојдеме до нив“, изјави тој за „Гардијан“.
Истото се случува и во Газиантеп, каде луѓето седат во своите автомобили или се обидуваат да возат на отворени простори подалеку од зградите.