6 C
Скопје

Стопанските комори на Западен Балкан со апел до владите за воспоставување „зелени линии” за брз проток на работници

Стопанските комори на сите шест економии од Западен Балкан, членки на Коморскиот инвестициски форум, во заедничко писмо до премиерите, ги повикаа владите на Западен Балкан, во услови на заострени епидемиолошки мерки, да постигнат заеднички договор, со кој, според углед на „зелените коридори” за стоки, ќе се воспостават „зелени линии” за непречено движење на бизнисмени и нивните работници кои поради својата работа мораат да патуваат и да престојуваат во други земји во регионот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Нашата цел е да го олесниме взаемното работење на нашите компании, да ги намалиме нивните трошоци и да им овозможиме навремено да ги извршуваат своите деловни активности во регионот и да ги исполнуваат своите договорни обврски, така што не само сопствениците и менаџерите, туку и вработените во нивните компании мора да патуваат и привремено да престојуваат во други земји во регионот, изјави претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) и на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, Марко Чадеж.

Прочитајте и...  Директорот на скопската Зоолошка е позитивен на Ковид – 19

Како што соопштија од ПКС, претседателите на стопанските комори на сите шест економии од Западен Балкан, членки на заедничката регионална комора, во име на околу 350.000 компании што ги застапуваат, им предложија на владите, со заеднички договор и протоколи, да воспостават изедначени и поедноставени правила и процедури, валидни низ целиот регион, со кои ќе се регулираат сите прашања поврзани со прекугранично патување и престој на бизнисмени и нивни работници, инженери и други вработени, кои, заради извршувањето на работата, компаниите ги испраќаат во други земји од Западен Балкан.

Според Чадеж, ова не е повик за изземање на бизнисмените и нивните вработени да не ги почитуваат заштитните мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, кои беа воведени од европските и регионалните земји и кои веројатно ќе се заоструваат со влошување на состојбата, туку да се најде начин границите да се поминуваат полесно и побрзо, по пристигнувањето во друга земја што е можно побрзо да ја завршат својата работа и да се вратат назад, објаснува Чадеж.

Прочитајте и...  Карантинот во Италија даде резултати, епидемиолошката состојба е подобра

Потребата да се пропишат посебни правила и процедури за стопанството, единствени во целиот регион, кои ќе го олеснат бизнисот и ќе го забрзаат движењето на бизнисмените и нивните работници, Чадеж го илустрира со конкретни примери од практиката:

– Ако фирма од Србија, на пример, испрати работници во Црна Гора или Албанија и обратно, или од Македонија во БиХ за да завршат некоја работа во друга земја за еден ден или два и ако најпрво треба да се оди во десетдневен или двонеделен карантин, тоа сериозно го ограничува бизнисот и создава дополнителни трошоци за бизнисмените. Да не ги спомнуваме итните ситуации во кои компанијата од една во друга земја мора итно да отстрани некој дефект во фабрика, поради што производството е прекинато и што може да ја загрози безбедноста на луѓето или да инсталира опрема од која зависи завршувањето на инвестицискиот проект или испорака на договорени количини на стоки до партнери на трети пазари. 

Прочитајте и...  Шилегов: Галиите во Вардар треба да се дислоцираат

Поврзани вести

Политико за блокадата на Македонија: Вархеји е премногу мек кон Софија, а ЕПП кон Борисов

Франција ќе преземе активности против верскиот екстремизам, претрес ќе се врши на 76 џамии

Слободен печат

Германија ги продолжува ограничувањата поради пандемијата до јануари

Слободен печат

ВИДЕО I Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо, продолжуваме според принципот „ништо за нив – без нив”

Слободен печат

Градоначалникот на Лос Анџелес им нареди на жителите да останат во домовите поради ковид-19

Слободен печат

Пожар во болница во Москва: Најмалку две лица загинаа, повеќе од 20 се евакуирани

Слободен печат

Остави Коментар