Фото: „Стоп за Усје“

„Стоп за Усје“ во петок организира осумчасовна блокада на Цементарница

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје” најави осумчасовна блокада пред влезот на „Титан Усје“ на 27 февруари, под слоганот „Блокада фест”, од 15:00 часот до 23:00 часот.

Од иницијативата порачуваат дека настанот нема да биде само блокада, туку, како што наведуваат, „гласен, жив и солидарен отпор”. Тие најавуваат и дополнителна програма и учество на изведувачи, чии имиња ќе бидат соопштени во наредниот период.

Демонстрантите повторно ќе ги истакнат своите барања за дислокација на Цементарницата, како и поставување мерни станици чии податоци ќе бидат јавно достапни и ќе можат да се следат постојано од страна на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот