Столтенберг во Париз ќе разговара со Макрон за „мозочната смрт на НАТО”

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг следната недела во Париз ќе се сретне со Емануел Макрон за што „подобро да ги разбере” критиките на францускиот претседател кој пред десетина дена оцени дека „ НАТО е во состојба на мозочна смрт”.

– Следната недела одам во Париз за да разговарам со претседателот Макрон и подобро да ја разберам неговата порака и причините за неговата критика – рече Столтенберг на прес конференција во Брисел.
Столтенберг додаде дека најдобро е да се разговара кога постојат несогласувања.

Макрон неодамна во интервју за британски „Економист” изјави дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт”, осудувајќи го недостатокот на координација меѓу САД и Европа, како и едностраното однесување на Турција во Сирија.

Столтенберг ги отфрли критиките за недостаток на политички консултации за стратешките прашања.
-НАТО постојано разговара за важните стратешки прашања. Тоа го правиме на секоја средба. Меѓутоа, ние сме сојуз од 29 држави и понекогаш постојат несогласувања за пристапот што треба да го имаме, додаде тој.

Според него, за критиките од Франциуја ќе се дискутира и утре на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, на која ќе се подготвува и самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот