Македонија-Латвија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Стојчевски: Одиме да победиме во Велс и да го обезбедиме тоа второ место

Последната контрола пред настапот на најважниот натпревар на македонската фудбалска А репрезентација во оваа година заврши без голови.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски посакуваа триумф, но за жал не успеаја да ја затресат мрежата на Летонците (0:0).

– Секако, постои разочараност во нашиот табор затоа што не победивме, бидејќи на секој меч одиме на победа. Теренот е ист и за двете селекции така што не треба да служи како изговор. Во дефанзивата добро функциониравме, сепак ни недостигаше тој гол, таа офанзива. Ништо, што е тука е, одиме во Велс да покажеме што знаеме, да покажеме дека ништо не е случајно, да победиме и да го обезбедиме тоа второ место во групата. Атмосферата во националниот тим е добра и како што реков, одиме на победа во Кардиф. Се надевам дека ќе се вратиме со три бода – изјави нашиот репрезентативец Андреј Стојчевски.

Последниот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година, нашата селекција ќе го игра на 18 ноември од 20.45 часот во Кардиф.

Моментно на табелата во групата Ј води Белгија со 14 бодови, еден повеќе од Македонија на втората позиција што носи мундијалски бараж. Трет е Велс со 10, четвртопласираниот Казахстан има седум бодови, а ниту еден Лихтенштајн на петтата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот