Стиви Вондер повеќе не сака да живее во САД: „Се селам во Гана, не сакам моите внуци да ги молат луѓето да ги почитуваат“
Еден од најнаградуваниот музичари во светски рамки, Стиви Вондер, реши да ја напушти Америка и да се пресели во Гана затоа што „не сака повеќе да чека“.
Препорачано
Имено, легендарниот музичар зборуваше за својата одлука во интервјуто за емисијата на Опра Винфри, изјавувајќи дека причина за неговиот потег е неповолната политичка ситуација во САД.
– Не сакам децата на моите деца да продолжат да ги молат луѓето да ги сакаат и да ги почитуваат. Се надевам дека работите ќе се променат во Соединети Американски Држави за граѓаните со темна кожа, но не сакам да го чекам тоа, рече тој.
На прашањето дали ќе се пресели во Гана засекогаш, Стиви одговори – „да“.
Пејачот веќе неколку пати размислувал да се пресели во таа западноафриканска земја, пишува Си-Ен-Ен.
Уште во 1994 година, тој изјавил дека чувствува повеќе припадност во Африка отколку во САД.
Стиви е роден во 1959 година во Мичиген, а научил да свири пијано, тапани и хармоника кога имал само девет години.
Досега има освоено 25 Греми, а номиниран е за бројни награди дури 74 пати.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
45мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


