Стипендии за осум студенти од прва година на ДУТ од Фондацијата Едуката

Стипендии за 8 студенти од ДУТ/Фото: Фондација Едуката

Осум студенти од прва година на Државниот универзитет во Тетово ќе добијат стипендии до крајот на нивното факултетско образование кои ги обезбеди Видеолотарија Касинос Австрија преку Фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА.

-Главниот акцент го ставаме  на социјалната категорија на студентите, на тие што најмногу им е потребна за да можат полесно да ги пребродат стдентските денови со помалку импликации по нивниот живот, односно за да можат да се издржуваат. Наша цел е овие млади луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството, изјави Оливер Арсовски, директор на фондацијата Едуката.

Конкурсот за пријавување на студенти е отворен до 20.10.2023 година и на него ќе може да аплицираат студенти за 2 стипендии на студиите на Економски факултет – насока финансии и сметководство, 2 стипендии на студиите на Филозофски факултет – насока психологија: професионална, 2 стипендии на студиите на Природно-математички факултет, и тоа една стипендија за насока – информатика-компјутерски науки, и една стипендија за насока математика и 2 стипендии на Педагошки факултет, од кои една стипендија за насока – специјална едукација и рехабилитација, и уште една стипендија по логопедија.

Секој избран студент ќе добие стипендија во нето месечен износ од 18.000 денари за десет месеци во текот на студиската година.

Минатата година беа стипендирани 12 студенти од УКИМ Скопје, а во наредниот период Фондацијата Едуката ќе се стипендира студенти од Штипскиот и од Битолскиот Универзитет за да го заокружи процесот со државните универзитети во земјата

Конкурсот за пријавување на студенти, заедно со сите информации и потребни документи согласно критериумите, е достапен на официјалната страна на фондацијата Едуката: educata.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот