Стилски решенија: Нијанса што ги прикрива белите влакна

Фото: Инстаграм

Пандемијата со коронавирусот предизвика непријатности, но започна и нов тренд за убавина. Во изолација многу жени се бореа со побелувањето на косата, што натера многу од нив да ги прикријат белите влакна и косата да ја обојат во сива нијанса. Оваа боја на коса e попопуларна од кога и да било, во последните месеци.

Во Велика Британија, над 10.000 луѓе ја применуваат секој месец сивата боја на коса која вешто ја прикрива белата и совршено одговара и на млади и на стари.

„Жените од целиот свет ќе ја прифатат оваа фризура “, вели Џејмс Прајс, фризер во салонот Лари Кинг.

Оваа боја на коса поттикна голем број иновации на пазарот, како што се сребрено-сиви производи за нега на коса и средства кои овозможуваат волумен.

Instagram

Многу познати дами ја обоија косата сива во еден дел од животот. Хајли Болдвин, Нафеса Вилијамс, Искра Лоренс, Викторија Маграт, Алиана Кинг, Мел Б, Пом Климентјеф, Ким Кардашијан, Кара Делевињ, Луиза Џонсон, Вини Харлоу, Лејди Гага, Рита Ора, Заин, Пинк се само некои од славните убавици што не се спротивставија на сивите нијанси.

„За да добиете сива коса, треба да ја осветлите и да станете русокоса, потоа да ја тонизирате со мешавина од сиви тонови“, советува фризерката Сиобан Џонс, која ја обои членката на групата Малит Микс, Џејд Тирвал во сребрена нијанса.

Instagram

 Прилагодете ја косата со тенот на кожата

Кога нанесувате нова боја за коса, потребно е да размислите како таа ќе одговара на тенот на кожата.

„Сивата боја е особено неприлагодлива “, тврди Сафир Драјвер, фризер од Лондон.

Доколку не е добро избалансирана, сивата коса може да ја направи кожата бледа. Помалку е погодна за оние со жолтеникави тен на кожата, а подобра за лица со розев тен на кожата.

Instagram

Најдобро е да ја боите постепено

Кога станува збор за постигнување на совршена сива боја, трпеливоста е најважна. Иако сите посакуваат промена за една ноќ, Сафир Драјвер ве советува да го направите тоа постепено.

Може да постигнете многу подобар и природен ефект, со техниката на боење одделни прамени. Ова е добра опција за оние со темна коса, советува фризерот. Но, не експериментирајте дома, туку побарајте помош од фризер кој знае што прави.

Доколку се одлучите за сива боја на коса, потребно е да бидете свесни дека најверојатно ќе треба да се избели со бланш, а тоа ќе го ослабне влакното – затоа се препорачува да ги одржувате суви врвовите.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот