Стил на неделата: Валентина Дисоска, претседателка на Здружение на бизнис жени

Тања Томиќ, авторка на книгата „Менаџмент на човечки ресурси во политичките партии“ за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа тоа е Валентина Дисоска, претседателка на Здружение на бизнис жени.

– Валентина Дисоска е пионерка во промовирање на економското јакнење на жените и женското претприемништво. Започна со формирање Здружение на бизнис жени во 2010, кога беше научна фантастика да се спомне женско претприемништво, а камоли да биде препознаено за да се работи на него. Оттогаш, успеа во соработка со други здруженија и институции да искреира Национална стратегија за женско претприемништво, на која носител е Министерството за економија. Нејзиниот придонес во јакнењето на капацитетите на жените и претприемачките е исклучително голем. Првиот проект кој го работеше „Женското претприемништво – мотор за креирање на нови работни места“ придонесе за вмрежување и јакнење на жените претприемачки во целиот регион на Југоисточна Европа. Таа е пример за успешна жена во претприемништво, но и за женска солидарност и неуморна мотиваторка, вели Тања Томиќ, авторка на книгата „Менаџмент на човечки ресурси во политичките партии“.

Тања Томиќ, фото – Драган Митрески

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот