Стефковски: Дојави за бомби во 8 училишта во Гази Баба, учениците се згрижени на безбедно

Општина Гази Баба/Фото МИА

Во објава на својата официјална страна на фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба информира за дојави за поставени бомби во општински основни училишта.

„Утрово директорите на основните училишта ме информираа дека во училиштата Григор Прличев, Наум Наумовски Борче, Крсте Мисирков, Кирил и Методиј, Крум Тошев, 25 Мај, Дане Крапчев и Наум Охридски има пристигнато дојави за поставени бомби. Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во вакви случаи. До сега сите дечиња се на безбедно, евакуирани од просториите на училиштата и се во придружба на наставниот кадар. Веднаш по информациите разговарав со надлежните во полициската станица од општа надлежност Гази Баба со цел веднаш да се превземат сите неопходни мерки за проверка на пристигнатите информации. Излезен сум на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација. Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња – напиша Стефковски.

Нови дојави за поставени бомби, евакуиран скопскиот аеродром и спортски институции и клубови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот