Стефан Ристовски избран во идеалниот тим на Хрватска

Фото: ХНЛ

Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски беше избран во тимот на сезоната во фудбалското првенство во Хрватска.

Фудбалскиот синдикат по 12-ти пат ги додели наградите „Трофеј Ногометаш“ со гласови од многу фудбалери и тренери.

Ристовски во првенството на Хрватска одигра 26 натпревари и подели две асистенции, а треба да се напомене и дека добар дел од сезоната играше како стопер.

Помеѓу најдобрите 11 место добија шест фудбалери од Ријека, пет од Динамо и еден од Осијек.

ИДЕАЛНИ 11 ВО ХНЛ:

Недиљко Лабровиќ (Ријека), Бруно Года (Ријека), Стјепан Радељиќ (Ријека), Нико Галешиќ (Ријека), Стефан Ристовски (Динамо Загреб), Тони Фрук (Ријека), Мартин Батурина (Динамо Загреб), Јосип Мишиќ (Динамо Загреб), Бруно Петковиќ (Динамо Загреб), Марко Пјаца (Ријека), Рамон Миерез (Осијек).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот