Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското екипно првенство за слабовидни и слепи шахисти
Младиот шахист од ШК Алкалоид, како член на репрезентацијата на Македонија, Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското екипно првенство за слабовидни и слепи шахисти (IBCA), одржано во Црна Гора.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како најмлад репрезентативец и единствен играч под 18 години на турнирот, Мелник настапи во последните пет кола и освои 4,5 поени, што му донесе сребрен медал на петтата табла и значителен рејтинг‑напредок.
– Поканата да играм за репрезентацијата на слабовидни и слепи шахисти дојде во вистинско време за мене бидејќи претходниот период бев посветен на нешта кои го оттргнаа мојот фокус од шаховската игра. Почувствував дека немам што да загубам и растоварено влегов во овој турнир. Во првите неколку кола шанса за настап добија поискусните играчи, а моите пет минути дојдоа во втората половина на првенството. Враќањето во натпреварувачки ритам не беше лесно, но успеав да ја искористам шансата која ми беше дадена. Овој успех ме мотивира да продолжам понатаму – рече Мелник.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
56мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


