Стармер за нападот врз еврејската заедница во Лондон: Антисемитизмот нема место во нашето општество
Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека палењето на четири амбулантни возила што ѝ припаѓаат на еврејската заедница во Лондон преку ноќ е „длабоко шокантен антисемитски напад“ и дека таквата омраза нема место во општеството.
Препорачано
„Ова е длабоко шокантен антисемитски палеж. Моите мисли се со еврејската заедница која се буди со оваа ужасна вест утрово. Антисемитизмот нема место во нашето општество“, напиша Стармер на Икс.
„Покрената е истрага откако четири амбулантни возила, кои припаѓаат на Службата за брза помош на Еврејската заедница, беа запалени во Голдерс Грин“, соопшти претходно Метрополитенската полиција.
„Полициските службеници остануваат на местото на настанот, а палежот се третира како антисемитско злосторство од омраза“, соопшти полицијата.
This is a deeply shocking antisemitic arson attack.
My thoughts are with the Jewish community who are waking up this morning to this horrific news.
Antisemitism has no place in our society.
Anyone with any information must come forward to the police. https://t.co/P5J1ETaEsE
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 23, 2026
Амбулантните возила ѝ припаѓале на Хацола, непрофитна волонтерска организација која обезбедува итни медицински услуги.
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека испратила шест противпожарни возила и 40 пожарникари на местото на настанот. Повиците од жителите биле примени во рано утрото. Соседните домови биле евакуирани како мерка на претпазливост. „Неколку боци под висок притисок во возилата експлодирале и скршиле прозорци во соседната станбена зграда. Нема пријавени повредени.“
Лондонската противпожарна бригада соопшти дека пожарот е ставен под контрола два часа подоцна, околу пет.
Нападите врз Евреи и еврејски цели се зголемија низ целиот свет по нападите на Хамас во Израел во октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Газа.
Најсериозниот антисемитски инцидент минатата година во Британија беше нападот во Манчестер во кој загинаа двајца Евреи на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар.


