Старински рецепт за тулумби, како што ги правеле нашите баби
Тулумба е вид сладок десерт широко распространет во сите традиционални слаткарници во Македонија и пошироко. Се прави од пржено тесто, кое потоа се потопува во шербет.
Препорачано
Наизглед, правењето тулумби изгледа едноставно, но не е баш така. Треба да посветите внимание… и, секако, љубов.
Состојки за вареното тесто:
– 500 мл вода
– 1 лажиче масло
– 2 филџани брашно
– 4 јајца
За сирупот:
– 2 филџани вода
– 1 филџан шеќер
– 1 филџан шеќер
– 200 мл масло
*еден филџан 200 мл
Подготовка:
Водата и маслото ставете ги на оган да зовријат. Кога водата ќе почне да врие, додаjте 2 филџани брашно и енергично мешајте, додека тестото не почне да се одвојува од страните на тенџерето. Потоа оставете го тестото да се излади.
Кога тестото ќе се излади, додаjте ги јајцата. Јајцата додавајте ги едно по едно. По секое додадено јајце, со раце убаво замесете го тестото.
Во длабока тава сипете масло за да се загрее. Кога маслото ќе се загрее, со помош на шприц со поширок продолжеток правете тулумби.
Кога тулумбите ќе станат златникави, извадете ги од маслото. Оставете ги настрана да се изладат.
За сирупот, сипете ги водата и шеќерот во тенџере и сè ставете на оган. Сирупот е готов кога ќе згусне.
Тулумбите наредете ги во плех и прелијте ги со сируп.
Оставете ги тулумбите околу еден час во сирупот и потоа извадете ги.


