„Старбакс“ во Чикаго ќе ја отвори најголемата кафетерија во светот

Фото: Принтскрин

„Старбакс“, најголемиот ланец на кафетерии во светот ќе го отвори најголемиот објект досега во Чикаго.

Станува збор за кафетерија со површина од 43.000 квадратни метри, кој ќе биде лоциран во Чикаго.

Компанијата соопшти дека ресторанот ќе биде отворен на 15 ноември и дека Чикаго ќе го замени Токио како град со најголем „Старбакс“.

Се очекува oбјектот во Чикаго да биде и своевидна туристичка атракција, а во понудата ќе бидат вклучени специјални кафиња и чаеви, како и огромни садови за кафе. Ќе има и коктел-барови, а ќе се служи и храна.

Кога „Старбакс“ го најави објектот во Чикаго во 2017 година, беше објавено дека тоа ќе биде апсолутно сензуално опкружување за консумација на кафе, посветено на печење и правење кафиња од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот