Стабилен е францускиот енергетски сектор

Елизабет Борн
Елизабет Борн / Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Француската премиерка, Елизабет Борн, изјави дека е уверена во стабилноста на францускиот енергетски сектор, благодарение на зголеменото производство на електрична енергија од нуклеарните централи во земјата и намалената потрошувачка последните седмици.

Премиерката Борн за радиото „Франција Инфо” исто така оптимистички изјави дека во првите месеци на годината ќе дојде до намалување на инфлацијата, посочувајќи дека Владата ќе продолжи со плановите да ги заштити целните потрошувачи и бизнисите од зголемувањето на цените на електричната енергија до крајот на 2023 година.

Таа ги потврди намерите да им помогне на француските пекари да се справат со зголемените сметки за енергија, преку одложено плаќање на даноците, наведувајќи и како можност државата да ги покрие трошоците за првите месеци од годината.

Шефот на францускиот енергетски регулатор „Сеј-Ер-Е” (CRE), Емануел Варгон, минатата седмица рече дека нема ризици во снабдувањето со електрична енергија во земјата, барем до средината на јануари бидејќи домаќинствата и бизнисите ги послушале апелите за намалување на потрошувачката.

Владата постави цел да ја намали потрошувачката на енергија во Франција за десет отсто до 2024 година во однос на онаа од 2019 година. Тоа е дел од поширок план што предвидува исклучување на дел осветлувањето и намалување на термостатите во зима, за да се избегне прекин во снабдувањето со електрична енергија и на гас, како последица од војната во Украина.

Францускиот оператор за електрична енергија „Ер-Te-E” (RTE) неодамна соопшти дека потрошувачката на електрична енергија во земјата изминатите четири седмици паднала за 8,7 отсто во споредба со просекот за периодот од 2014 до 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот