Потрошувачка кошничка / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ССК: Потребна е и интервенција од стоковите резерви за намалување на цените на производите

За почувствително намалување на цените на основните прехранбени производи потребно е државата да интервенира со стоковите резерви, е ставот на Сојузот на стопански комори, откако владата реши на производителите на храна да им даде двојно поевтина струја, објави АлсатМ

Од ССК за Алсат велат дека суровините кои се потребни за финалниот производ најчесто се набавуваат на берзата. А нивните податоци се дека од пред војната во Украина нивните цени се зголемени за близу 100 отсто.

„Да се активираат стоковите резерви со инјектирање на соодветна, поголема количина на пченицата. Доколку ни се доделат 30 или 40 илјади тони пченица од државата со пониска цена и веќе тогаш би можело да се влијае повеќе на цената. Тоа е следниот чекор кој би можел да влијае врз понатамошно намалување на цените на производите, велат од ССК “

Произведувачите на храна се децидни, дека со помош на стоковите резерви директно ќе се удри врз висината на цените на суровините, и на тој начин ќе се отвори можност за сериозно намалување на трошоците за набавка на храна. Од ССК велат дека неколку пати ова го побарале од владата, но засега не добиле одговор

Инаку од Прилеп премиерот Димитар Ковачевски изјави дека со новите владини мерки храната ќе поевтини и до 10 отсто.

„Последната мерка на Владата, која наскоро започнува со реализација, е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија,истакна Ковачевски

Со новите владини мерки храната ќе поевтини и до 10 отсто, вели Ковачевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот