Со новите владини мерки храната ќе поевтини и до 10 отсто, вели Ковачевски
„Власта не бега од предизвиците, туку е посветена на нивно решавање, да не страда народот и да не трпат компаниите и со новите мерки што ќе се преземат очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10 отсто“, рече вечерва во Прилеп премиерот Димитар Ковачевски од трибината на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината”.
Препорачано
„Последната мерка на Владата, која наскоро започнува со реализација, е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. Со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб отсега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи. Според првичните проценки, очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10 проценти, изјави Ковачевски.
Тој информира дека производството на струја е максимилизирано и веќе неколку денови ЕСМ произведува електрична енергија што задоволува 100 отсто од домашните потреби.
„Бидете спокојни, струја ќе има доволно и постојано за целиот период од кризата, но треба и секој од нас да покаже рационалност и да штеди“, рече Ковачевски.
.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


