Српското обвинителство отвори случај против градоначалникот на Јагодина: Палма е обвинет дека подведувал девојчиња

Вишото јавно обвинителство во Јагодина формираше случај во врска со наводот дека Драган Марковиќ „Палма“ подведувач малолетни девојчиња, дознава „Блиц“.

Вишото јавно обвинителство во Јагодина формираше случај во врска со наводот дека Драган Марковиќ Палма подведувал малолетни девојчиња, дознава „Блиц“.

– Имаме информации само од прес-конференцијата. Обвинителството ја искористи можноста и постапи врз основа на веста. Дејствуваме и затоа што ни беше доставена иницијативата на Драган Марковиќ, кој поднесе барање да започнеме да собираме детални информации и да постапуваме – изјави за „Блиц“ Радослав Вучковиќ, висок јавен обвинител во Јагодина.

Тој наведува дека Обвинителството започнува да ги собира сите потребни информации во рамките на предистражната постапка.

– Треба да утврдиме дали има елементи и за кое кривично дело. Како дел од предистрагата, сведоците ќе бидат сослушани во полицијата – наведува тој.

Вчера, Тепиќ изнесе тврдења против Марковиќ, но и некои други лица, за подведување жени и девојчиња во Јагодина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот