Српските кошаркари загубија добиен натпревар и си го закомпликуваа пласманот на СП

Фото: fiba.basketball

Кошаркарската репрезентација на Србија се наоѓа на добар пат за прв пат по последните 30-тина години да го пропушти настапот на Светско првенство откако вечерва загуби добиен натпревар. Србија загуби со 73:74 од Белгија во Ниш, на натпревар кој започна вчера, а се доигра вечерва.

Србија првата фаза ја заврши со три порази и трето место во Групата А поради што во следната фаза од квалификациите, во новофорираната група ќе пренесе најмал број на поени.

Имено, Летонија и Грција во новоформираната група 1 ќе пренесат по седум бода, Белгија и Турција ќе имаат по шест, а Србија и Велика Британија по пет.

Дополнителен проблем за Србија е тоа што и Летонија и Белгија имаат подобар скор во меѓусебните натпревари и во случај на идентичен број освоени бодови, предност на табелата ќе имаат токму овие две селекции, а пласман на СП обезбедуваат првопласираните три репрезентации во групата.

Спрските кошаркари вечерва загубија добиен натпревар бидејќи на неполни седум минути до крајот имаа предност од 11 поени(68:57).

Но, потоа следуваше голем пад во играта и до крајот Србија даде само пет поени, сите преку Огњен Јарамаз, а прими дури 17. Белгијците на 38 секунди до крајот преку поените на Емануел Лекомт поведоа со 73:74, по што Вања Маринковиќ промаши шут за победа на 10 секунди до крајот.

Видео на денот