Српскиот државјанин и неговата вереница ја преживеале несреќата, објавен списокот на преживеани

Српски државјанин и неговата вереница
Парот во моментов е во болницата во Софија / Фото: Приватна архива

Љуљзим Сулејмани од Прешево, единствениот српски државјанин кој бил во запалениот автобус е меѓу седумтемина преживеани, пишува српски Курир.

Тој и неговата вереница од Куманово, која исто така била во автобусот и која, за среќа, исто така преживеала. Тие во моментов се во болницата во Софија.

Првично се зборуваше дека е загинат, а потоа премиерот Заев за српски Курир ексклузивно изјави дека Сулејмани е жив, како и неговата свршеница.

„Единствениот државјанин на Србија кој бил во автобусот што изгоре во Бугарија е Љуљзим Сулејмани од Прешево и тој е меѓу седумте преживеани патници., како и неговата свршеница од Куманово, со која замина на патување во Истанбул“ вели Заев за српски Курир.

Списокот на сите преживеани од несреќата сега е целосно објавен.

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот