Српскиот дизајнер Марко Митановски промени пол и стана жена: еве како изгледа сега

марко митановски
Фото: Принтскрин / Instagram

Српскиот дизајнер базиран во Лондон, Марко Митановски, пред извесно време го промени својот пол и стана жена, и по долго отсуство од јавноста објави фотографија од својот нов изглед на социјалните мрежи.

Дизајнерот кој ја доживеа својата светска слава во 2009 година, кога како млад креативец го пренесе своето дело во Лондон, сега се одзива на името Миа, а на социјалните мрежи го покажа своето ново лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M I T A N O V S K I (@mmitanovski)

Марко пред извесно време се подложи на операција за промена на полот, откако пред неколку години се повлече од јавниот живот. По бројни шпекулации околу причината за неговото отсуство, се осозна дека се работи за повлекување во процес на промена на својот пол.

По операцијата и постанување жена, Марко т.е. Миа продолжи со својата работа во модата и да работи на дизајнирање на нови колекции.

марко митановски
Фото: Profimedia

Марко Митановски дипломираше на Колеџ за Дизајн во Белград во 2009 година, кога беше избран како еден од дизајнерите да претставуваат на ревијата натпревар „Ones to Watch“ на Лондонската Модна Недела. Натпреварот беше отворен за млади дизајнери од целиот свет, а дизајните на Митановски беа презентирани на низа настани на Лондонската Модна Недела. Неговите парчиња беа носени од ѕвезди како Лејди Гага, Сканк Аненси, Кејти Мелуа, Палома Фејт и Имодести Блејз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M I T A N O V S K I (@mmitanovski)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M I T A N O V S K I (@mmitanovski)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот