Српски „Торлак“ доби виза за производство на Спутник В, Русите задоволни од квалитетот

Руска вакцина „Спутник В“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја го потврди квалитетот на вакцината произведена на Торлак и го одобри производството на вакцината Спутник Ве против коронавирусот во иднина во овој српски институт.

Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што произведува вакцина Спутник Ве, беше објавено на состанокот што денеска се одржа во Москва на министерот во Владата на Србија и претседателот на Мешовитиот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ и директорот на институтот Гамалеја Александар Гинтсбург.

Српскиот министер Поповиќ потсети дека сериите за валидација на вакцината од Торлак биле испратени на Институтот Гамалеј за тестирање минатиот месец.

– Институтот „Гамалеја“ потврди дека вакцините произведени во Торлак ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет. Денес, ја добивме оваа потврда од нашите руски партнери и добивме одобрение да продолжиме со производството. Ова е одлична вест за Србија. Нашата земја повторно ќе стане сила во производството на вакцини, а денес тоа е како да го имате најмоќното оружје со кое ја заштитувате безбедноста на своите граѓани – рече Поповиќ.

Тој посочи дека во следните две недели очекува значителна количина на супстанција за производство на двете компоненти на вакцината Спутник В во Русија да пристигне во Србија.

– Многу наскоро, Србија ќе има доволно вакцини за целосно да ги покрие своите внатрешни потреби и ќе разговараме со претседателот Вучиќ за тоа каде треба да се испраќаат вакцините надвор од Србија, со цел да им обезбедиме помош на нашите партнери во регионот и Европа во борбата против коронавирусот – рече Поповиќ.

Директорот на институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, изрази задоволство од одобрувањето на сериите за валидација на вакцините произведени во Торлак.

Тој посочи дека Институтот Торлак е реномирана научно-истражувачка институција со стогодишна традиција која има одлични научници и експерти.

Гинтсбург му се заблагодари на министерот Поповиќ за довербата што српскиот народ и српскиот државен врв ја покажуваат во вакцината „Спутник В“, што ја разви Институтот „Гамалеја“, нагласувајќи дека во моментот станува збор за вакцина со најголема потврдена ефикасност во целиот свет од 94 проценти.

Директорот на Институтот Гамалеј ја прифати поканата на министерот Поповиќ да ја посети Република Србија со цел продлабочување на научната и технолошката соработка меѓу Србија и Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот