Српски адвокати бесплатно ќе ги бранат приведените студенти и демонстранти
Управниот одбор на Адвокатската комора на Војводина (АКВ) денеска одлучи да формира список на адвокати кои ќе даваат бесплатна правна помош на студенти и други граѓани кои се приведени или притворени поради учество на мирни протестни собири.
Препорачано
АКВ ги повика адвокатите да се пријават на списокот за обезбедување „про боно“ одбрана на студентите и граѓаните, се вели во соопштението.
Управниот одбор на АКВ му предложил на претседателот на Адвокатската комора на Србија (АКС) итно свикување на вонредно собрание, со единствена точка на дневен ред – седумдневен целосен прекин на работата на адвокатите на територија на Србија, со цел да се поддржат и да се приклучат кон барањата на студентите, пренесува „Нова.рс“.
Тие му предложија на Управниот одбор на АКС веднаш да донесе одлука за целосен прекин на работата на три дена, за да се поддржат и приклучат кон барањата на студентите.
Управниот одбор на АКВ исто така одлучил годинава да не се одржи традиционалниот новогодишен коктел, поради трагедијата во Нови Сад, во која во пад на настрешница на железничка станица загинаа 15 луѓе, а двајца беа тешко повредени. Парите предвидени за оваа намена ќе бидат искористени како донација на студентите на Правниот факултет, за купување храна и други потреби.
Земјоделци ќе им готват гулаш на побунетите студенти во Нови Сад


