Урнатата настрешница во Нови Сад / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српската влада го прогласи 1 ноември за ден на жалост

Владата на Србија донесе Одлука со која утрешниот ден, 1 ноември, се прогласува за Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, пренесоа српските медиуми.

„Владата на Србија донесе Одлука за прогласување Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓани поради уривањето на бетонската настреѓница на железничката станица во Нови Сад. Денот на жалост е одреден за 1 ноември 2025 година“, се наведува во Одлуката на Владата.

Одлуката доаѓа откако десетици илјади студенти и граѓани од цела Србија тргнаа кон Нови Сад за утрешниот голем собир со кој ќе се одбележи една година од трагедијата во Нови Сад, која однесе 16 животи.

ВИДЕО | Жителите на Нови Сад пречекуваат илјадници студенти и граѓани од цела Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот