Српската полиција спречила нелегален транспорт на 19 прасиња

Министерството за земјоделство на Србија соопшти дека благодарение на брзата реакција на сообраќајната полиција и ветеринарната инспекција, направен е обид за нелегален транспорт на 19 прасиња со непозната здравствена состојба и потекло, кои се запленети и еутаназирани со цел да се спречи ширење на африканска свинска чума.

Во соопштението се наведува дека сообраќајната полиција на магистралниот пат Рашка – Власово запрела приватно возило кое превезувало прасиња, кои наводно биле купени во Александровац.

Во возилото се превезувале прасиња без ушни маркички и без законски пропишана документација за животни во сообраќајот, па за се веднаш е известено Основното јавно обвинителство Рашка, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава, инофрмира ФоНет.

Од Министерството потсетуваат дека со заедничка акција на Републичката ветеринарна инспекција, сообраќајната полиција и Обвинителството деновиве беше спречен транспорт на потенцијално заразени свињи на територијата на Чачак. Членот 270 од Кривичниот законик предвидува парична казна или затвор до две години за оние кои нема да ги почитуваат прописите, решенијата или наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај животните, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот