Среќен роденден Тоше, за нас имаш само датум на раѓање

Тоше Проески/Фејсбук/Инстаграм

Денеска со голема тага и вечен непребол се сеќаваме на нашиот Тоше Проески. 25 јануари е денот кога пред 40 години, се роди најсветлата ѕвезда на нашето небо.

Во чест на неговиот роденден, денес, сите радиа пуштаат по некоја од неговите а наши засекогаш омилени песни кои сѐ уште ги знаеме наизуст.

Instagram
Instagram

Тодор Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Прилеп, со постојано живеалиште во Крушево. Својата пасија кон музиката ја покажал уште од мали нозе. Уште како ученик во основно образование, кога во 1992 година за прв пат настапил на фестивалот „Златно славејче“ инстантно ја воодушевил публиката пеејќи на влашки јазик.

По 1997 година со победата на фестивалот „Мелфест“ во Прилеп, Проески ги освои срцата на сите генерации и беше присутен на речиси сите фестивали во и надвор од границите на нашата земја.

Европа имаше чест да го слушне и запознае извонредниот талент на нашиот Тоше во 2004 година, кога ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ во Истанбул со песната „Ангел си ти“. Истата година тој стана и амбасадор на добрата волја на „UNICEF“.

Тоше беше повеќе од музичка ѕвезда, повеќе од музички талент, тој пред сѐ беше човек со големо срце кое не познаваше граници.

На 16 октовмри, 2007 година Македонија, целиот Балкан и пошироко се потресе од трагичната вест за пејачот кој го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 26 години.

Facebook
Facebook

По повод 40 роденден на Тоше, неговата сестра Дора Проеска на својот фејсбук-профил објави фотографија од роденденска торта на која пишува „Те сакаме сите Toше“.

Музиката на Тоше го обедини народот зад себе оставајќи песни кои до ден денес се пеат, се пренесуваат од генерација на генерација и кои за момент, нѐ тераат да заборавиме дека тој веќе не е меѓу нас.

Instagram
Instagram

Среќен роденден Тоше, што и да се напише е премалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот