СРЕЌЕН ДОБИТНИК: Во Делчево ,,изгребeна” добивка вредна милион денари

Добивка вредна милион денари ,,изгребана” во Делчево. Среќниот добитник Билјана Стојковска е само еден од неколкуте кои во изминатиот период среќата ја бараа во грепките кои донесоа големи добивки во Делчево што ги направи жителите од ова место едни од најсреќните кога се во прашање игрите на среќа.

– Со мојата ќерка Евгенија купуваме редовно инстант лозови. Добивката ја освоивме во петок кога купивме два лозови ,,Златна рипка” од кои едниот имаше добивка од 50 денари, додека главната добивка беше во вториот лоз кој носеше добивка вредна милион денари – изјави Стојковска.

Диспечерката Вера Тричковска, чие уплатно место важи за едно од најсреќните во државата, вели дека делчевци се и најредовни кога се во прашање игрите на среќа.

-Особено во сабота овде е голема турканица, а се игра од сите игри, од Лото до разните видови грепки. Среќна сум што доста луѓе добија прилично големи суми и се надевам дека ова продажно место и во иднина ќе им донесе среќа и на други играчи, вели Тричковска.

Додава дека дневно на ова уплатно место се исплаќаат од 10 до 30 илјади денари.

Во Делчево освен оваа премија од милион денари досега има паднато добивка Џокер вредна 3 милиони денари, а во два наврати паднаа добивки од по 5 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот