Фото: mohamed hassan / stockvault.net

Средовечни скопјани, маж и жена, фатени со „шкорпион“ во ранец, на мотор без таблички

Кавадаречки полицајци на патот меѓу Градско и Росоман уапсиле маж и жена од Скопје, кај кои во ранец бил пронајден автоматски пиштол „шкорпион“, соопшти МВР.

Полицајците од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и сообраќајната полиција при ОВР Кавадарци на регионалниот пат Градско-Росоман запреле мотоцикл без регистарски таблички, управуван од С.Д. (45) од Скопје, а сопатничка била М.Е. (48) од Скопје.

„При извршен преглед во ранец кај М.Е. бил пронајден автоматски пиштол шкорпион со една рамка. Двете лица се лишени од слобода и ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 396 од КЗ“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот