Средношколка од Охрид украла пари од соученичка

Полиција / Фото: МИА

Полициски службеници од СВР Охрид вчера ја лишиле од слобода С.Р.(19) од Охрид, ученичка во средно училиште во Охрид.

Како што соопшти МВР, С.Р. се сомничи дека од ученичка во училиштето одзела пари. Парите биле пронајдени кај нејзе и биле вратени на сопственичката.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот