Средните училишта кои воведоа кодекс на облекување извршиле дискриминација кон учениците, утврди КСЗД

Тинејџери седат во Градски парк / Скопје, септември 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Трите средни училишта во Штип, Струмица и Прилеп, кои воведоа кодекс на облекување и забранија учениците да посетуваат настава ако имаат долги нокти, пирсеви, маици на прерамки, хеланки, бермуди, кратки пантолони, кратки маици, искинати фармерки, тренерки и кратки здолништа, извршиле дискриминација утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во Кварталниот изветшај за јануари-март 2024 година.

Станува збор за средните училишта „Мирче Ацев“ од Прилеп, „Јане Сандански“ од Штип и „Јане Сандански“ од Струмица, кои ги испочитувале препораките на КСЗД и во законски предвидениот рок ги тргнаа забраните.

Во постапка, отворена по службена должност, а подоцна и по поднесени претставки, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди повеќекратна индиректна дискриминација врз основа на род, родов идентитет, лично својство и имотна состојба во областа образование, од страна на неколку средни училишта, а која произлезе од донесените одредби на Куќниот ред на училиштета и се однесува на надворешниот изглед на учениците. Училиштата, со Куќниот ред им забрануваат пристап на учениците во училиште со долги нокти, пирсеви, маици на прерамки, хеланки, бермуди, кратки пантолони, кратки маици, искинати фармерки, тренерки и кратки здолништа, се вели во Извештајот.

Од Комисијата посочуваат дека училиштата ги вовеле овие правила во недостаток на легитимна и оправдана цел и апелираше во иднина училиштата да се воздржат од носење на подзаконски акти кои може да предизвикаат каков било вид дискриминација.

Прилепската гимназија им забрани на учениците да носат искинати фармерки, пирсеви и кратки сукњи

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот