Викторија Бекам / Фото: EPA/NEIL HALL

Среде драмата со Бруклин: Песна на Викторија Бекам со симболично име се искачи на врвот на листата на најслушани

Песна на Викторија Бекам од 2001 година го достигна врвот на „Ај тјунс“ топ листите во Велика Британија и Ирска среде семејна драма со синот Бруклин и снаата Никола Пелц.

Нејзината соло песна го постигна овој успех по повеќе од 20 години од објавувањето, благодарение на организирана кампања од обожаватели кои решија да ја „турнат“ нејзината песна на првото место.

Овој бизарен успех следеи среде драмата во семејството Бекам, откако нејзиниот најстар син Бруклин упати остри критики кон своите родители на Инстаграм. Тој ги обвини за контрола и нарушување на неговата приватност, вклучувајќи тврдења дека Викторија, го саботирала првиот танц на неговата свадба со Никола.

Симболиката на насловот на песната „Not Such an Innocent Girl“ (Не толку невина девојка) е особено интересна.

Драмата во семејството Бекам привлече внимание низ целиот свет, а во исто време предизвика реакции од нејзините обожаватели кои решија да реагираат.

Фактот дека Викторија до сега немала соло сингл на првото место беше наречен „национална трагедија“ и песната беше масовно преземена и споделена за да ѝ се обезбеди значајно место на топ листите.

ВИДЕО | Бруклин Бекам поради ова видео го блокирал целото семејство на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот