Србите плаќаат и по 4 илјади евра за албанска невеста
Српските медиуми неодамна објавија вест дека млади лица сè повеќе бараат да се оженат за Албанки, па дури и се подготвени да платат одредена сума пари, при што, како што се наведува 900 од нив веќе изразиле желба за таков брак.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Албанските девојки кои стапуваат во брак со Србите се главно од северот на Албанија, а за стапување во брак со една невестата се плаќа до 4.000 евра. Само во подрачјето на Рашка, Пештер, Голија, Јавор и Јадовик, над 150 Албанки се омажиле за Срби и тие веќе основале семејства со многу деца. Додека, ваквите бракови се склучуваат и во Косово. Социјален работник во Србица за косовската агенција „Индексонлајн“ изјави дека има пет вакви случаи во две села во оваа општина. Според овој извор овие Албанки, дури и одбиваат да зборуваат албански.
– Јас сум социјален работник и врз официјалната задача се занимавам со нив. Залудно, тие одбиваат да зборуваат албански. Имаме две српски села и јас работам со нив скоро секој ден. Знам за четири случаи, но слушнав дека има уште еден, сите тие се роднини на писателот Миѓени кои потекнуваат од Врака – изјавил изворот. Службеникот за социјални работи посочува дека тие се православни.
– Jaс се занимавам со семејни проблеми. Тие се во брак со социјални случаи, но ги купиле како стока, со посредници или трговци со луѓе. Но голема улога игра и православната црква во Врака, Скадар. Но најтешкото е дека Албанки од исламска вероисповест се во брак со Срби во Северните општини. Нивните сопрузи се многу задоволни со нив затоа што тие се многу вредни – додава тој.
Инаку, според албанските медиуми, постои една организација која посредува гратис за браковите и патувањата на Србите во Албанија. Дури во Скадар, постои и агенција каде Србите плаќаат 3-4 илјади евра за албанска невеста, пренесува Газета Експрес.


