Србин приведен на скопскиот аеродром, бил баран од Интерпол Холандија

Меѓународен аеродром Скопје (Фото: ТАВ)

Вчера вечер на скопскиот аеродром приведен е српски државјанин на скопскиот аеродром, информира МВР.

„На 08.08.2023 во 20.00 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром-Скопје”, полициски службеници го лишиле од слобода М.В.(54) од Република Србија. При пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека е со мерка „апси” на барање од Интерпол Холандија“, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот