Србин кршел на скопскиот аеродром, полицијата го приведе

Патници на Скопскиот аеродром ТАВ/ Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Четириесет и тригодишен Србин бил приведен вчера наутро на скопскиот аеродром.

„На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата“, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот