Србија од кинеските туристи годишно заработува околу 15 милиони евра!

Официјалната статистика покажува дека Србија годишно ја посетуваат 102.351 Кинези. Од друга страна, како што анализира Блиц.рс, неофицијално, секој од нив дневно троши по околу 150 евра, па тоа значи дека Србија од кинески туристи на секои 12 месеци инкасира дури 15 милиони евра.

Според ова, може да се заклучи дека профитираат многу сопственици на хотели и хостели, како и газди на апартмани ширум Србија, но и сопственици на модерни и традиционални ресторани.

Хостели и Хотели

Кинезите престојуваат насекаде – хотели, хостели, но и во приватни сместувања. Прашање е само како да се привлечат, а одговорот е во умешноста со технологијата, видливоста на интернетот како и препораките. Поголемиот дел од кинеските туристи во Србија сместување бараат електронски, преку букинг.

Добра храна

– Не станува збор за гости кои бараат премногу. Излегуваат рано, а се враќаат доцна. По цел се надвор. Така што хотелите најмногу заработуваат од нивното сместување, а многу помалку од хотелската храна и услугите како спа центар, базени и масажи. Кинезите најчесто се хранат во ресторани по препораки на своите сонародници кои веќе биле во Србија. Најчесто ја јадат нашата храна – сирење, кајмак, пршута и качамак – изјавил еден хотелиер за Блиц.рс.

Тури и обичаи

Уште еден начин на кој Србите заработуваат од кинеските туристи се организирањето на најразлични тури и посети. Кинезите сакаат да шетаат, да посетуваат и гледаат објекти, како и да сликаат.

Сувенири

– Многу често и не прашуваат за цената, туку го земаат она што ќе им се допадне од штандот. Најчесто тоа се рачно насликани чашки за ракија, кукли во народни носии, капчиња на кои пишува Србија, но и магнети кои купуваат како подароци – раскажува продавачка од Калемегдан за Блиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот