Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Србија на домашен терен ќе игра за европска титула во ватерполо, закажа финале со Унгарија

Ватерполистите на Србија се пласираа во финалето на Европското првенство откако вечерва во полуфиналето ја совладаа селекцијата на Италија со резултат 17:13.

Србија одлично го отвори натпреварот и по првата четвртина имаше предност од два гола. До заминувањето на паузата се играше гол за гол, а првото полувреме заврши со резултат 9-7 во корист на српската репрезентација.

Италија не успеа да најде одговор за играта на Србија ниту во продолжението од мечот, па домаќинот на првенството во пресрет на последната четвртина имаше дури пет гола предност. Србија рутински го приведе натпреварот кон крај, а Италијанците во финишот само успеаја да го ублажат поразот.

Во финалето на Европското првенство Србија ќе се соочи со селекцијата на Унгарија, која во второто полуфинале со 15-12 ја совлада Грција.

Финалниот натпревар меѓу Србија и Унгарија е закажан за недела со почеток од 20:30 часот.

Манхерц ја водеше Унгарија до финале на Европското првенство во ватерполо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот