Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Манхерц ја водеше Унгарија до финале на Европското првенство во ватерполо

Репрезентацијата на Унгарија обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во ватерполо, откако во полуфиналната пресметка славеше над Грција со 15-12.

Грчката селекција подобро го започна натпреварот и ја доби првата четвртина со 5-4, но продолжението целосно им припадна на Унгарците. Во преостанатите три делници, избраниците на Жолт Варга ја презедоа контролата и со сигурна игра стигнаа до заслужен триумф.

Иако натпреварот изобилуваше со цврста и неизвесна борба, Унгарија покажа повеќе смиреност и квалитет во одлучувачките моменти. Во големото финале, унгарската репрезентација ќе се соочи со победникот од второто полуфинале меѓу домаќинот Србија и селекцијата на Италија.

Најистакнат поединец на средбата беше капитенот Кристијан Манхерц, кој постигна четири гола од четири обиди. Воедно, ова беше 30. полуфинале за Унгарија во историјата на Европските ватерполо првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот