Србија ќе бара нов селектор, Пешиќ го потврди заминувањето

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Како и што се најавуваше претходно во медиумите, Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на репрезентацијата на Србија.

Пешиќ ја напушта клупата на репрезентацијата по освоената бронза во Париз на Олимписките игри. Заминувањето го потврди самиот селектор, а една од главните причини е промената на раководството.

„Претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ поднесе оставка. Како што разбрав тоа го направи за да овозможи на новото раководство да формира нов стручен штаб и да постави нови цели. Кога сум јас во прашање уште пред Париз соопштив дека некој друга треба да го продолжи она што го започнав.

Бидејќи гледам дека некои не слушнале, сега им порачувам на одговорните кои во иднина ќе го водат КСС дека треба да најдат нов тренер. Јас секогаш ќе бидам на располагање на српската кошарка, но ќе се насочам кон некои други цели и проекти за кои немав време затоа што 24 часа бев во служба на националниот тим“, изјави меѓу другото легендарниот тренер.

Пешиќ освен бронзата во Париз со Србија успеа да освои и сребро на Светското првенство кое се играше претходно. На Олимписките игри избраниците на Пешиќ беа блиску и да слават во натпреварот против американскиот „дрим-тим“.

Засега не е познато кој би можел да го наследи на клупата на репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот