Српските медиуми тврдат: Пешиќ повеќе не е селектор!
По интервјуто за хрватски „Индекс“ во кое Пешиќ предупредуваше за проблемите во српската кошарка пристигнува ифнроамција дека тој повеќе не е селектор на репрезентацијата.
Медиумите во Србија пренесуваат дека договорот на Пешиќ завршил и засега не е познато дали ќе дојде до продолжување.
Неодамна тој беше гостин и на спектаклот во чест на Дражен Петровиќ.
„Јас сум човек кој често пати го зборува она што луѓето не сакаат да го слушнат. Многу пати ги предупредував луѓето во Србија дека сме на добар пат да ја стигнеме Хрватска. Тоа значи дека би можеле да го допреме дното, исто како и вие. Ако нештои не се промени, во наредните години ќе треба да се среќни со самиот пласман на Европско и Светско првенство, Олимписките игри можеме и да ги заборавиме. Во Србија луѓето не сакаат да слушнат за тоа“, гласеше изјавата Пешиќ.
https://www.slobodenpecat.mk/peshikj-gi-predupreduva-srbite-na-pat-sme-da-go-dopreme-dnoto-vo-kosharkata-isto-kako-hrvatska/