Пешиќ ги предупредува Србите: На пат сме да го допреме дното во кошарката, исто како Хрватска
Српскиот селектор, Светислав Пешиќ истакна дека неговата земја и покрај освоената бронза на Олимписките игри е на пат да доживее вистински колапс.
Во интервјуто за хрватски „Индекс“, Пешиќ зборуваше за многу теми кои се поврзани со неговиот живот и кошарката, но и предупреди дека Србија може да доживее сценарио како Хрватска кој во последно време нема успех во кошарката. Хрватите не бележат добри резултати ниту на клупски, а ниту на репрезентативен план.
„Јас сум човек кој често пати го зборува она што луѓето не сакаат да го слушнат. Многу пати ги предупредував луѓето во Србија дека сме на добар пат да ја стигнеме Хрватска. Тоа значи дека би можеле да го допреме дното, исто како и вие. Ако нештои не се промени, во наредните години ќе треба да се среќни со самиот пласман на Европско и Светско првенство, Олимписките игри можеме и да ги заборавиме. Во Србија луѓето не сакаат да слушнат за тоа“, изјави Пешиќ.