СРАМОТНА ПРЕСУДА: Ослободен маж кој обљубил малолетно девојче, бидејќи „било НОРМАЛНО за неговата етничка припадност“

Апелациониот суд во Белград го ослободиле од обвинение Данијел Ч. (25) за обљуба на тринаесетгодишно девојче, со оправдување дека се извршени низа на предрасуди од кои посебно се истакнале раните сексуални односи кои се „нормални во етничката заедница на која припаѓа“.

Во јануари оваа година, Вишиот суд во Панчево го осудил на пет години затвор Данијел Ч. за продолжено кривично дело, обљуба над дете. Тој се обвинува дека во периодот од 20 јули 2017 година до 24 август 2017 година имал полови односи со тринаесетгодишно девојче, по што таа затруднела.

Со истрага било утврдено дека тој доаѓал во куќата каде што преспивало девојчето, што потврдила и мајката на девојчето.

Меѓутоа, кога девојчето се појавило пред судот, таа укажала и на тоа дека нејзината мајка, бидејќи дознала дека веќе не е невина, и рекла дека таа „треба да оди да живее кај него, бидејќи таа е сега негова жена“.

Набргу по донесување на пресудата, бранителот на оптужениот изјавил жалба до Апелациониот суд, која судот и покрај барањето на обвинителството да се исфрли како неоснована, ја прифатил.

Како што навеле од судот, пресудата ја донеле најпрво бидејќи и обвинетиот и девојчето се припадници на едно национално малцинство.

Исто така, еден од факторите за одлуката било и тоа што момчето не се знае за сигурно дека знаело дека половиот однос со девојчето е строго забрането и казниво, бидејќи доаѓа од послабо социјално-економска состојба и го напуштил средното училиште во трета година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот