Гоут Гоут/EPA/MARTIN DIVISEK

Спринтер го критикуваше тинејџерот кого го прогласија за наследник на Болт: Резултатот му е лажен, ова е наместено

Американскиот спринтер Ерин Браун ја доведе во прашање валидноста на резултатот што неодамна го постигна 18-годишниот Гаут Гаут на трката на 200 метри, тврдејќи дека времето од 19.67 секунди било остварено со недозволен ветер во грб.

Браун остро реагираше на еуфоријата по настапот на младиот атлетичар во Сиднеј, каде што на јуниорска трка успеа да го надмине резултатот на легендарниот Усаин Болт од 2004 година, по што дел од јавноста го прогласи за негов наследник.

Американецот на социјалните мрежи сподели видео од условите на Олимписки парк Сиднеј, каде што беше поставен резултатот за време на австралиското првенство. Иако официјалните податоци покажуваат дозволен ветер од 1.7 метри во секунда, Браун тврди дека реалната состојба била поинаква и дека ветерот бил значително посилен.

Во своите објави, тој продолжи со критиките, посочувајќи дека Гаут настапува против послаба конкуренција, а своите ставови ги сподели и преку „ТикТок“.

„Мислев дека навистина сме сведоци на нешто посебно… Ми стигнаа стотици пораки: ‘Човече, Гаут Гаут истрча 19.6’, па решив да ги проверам резултатите“, изјави Браун.

Тој беше уште подиректен во продолжение:

„Нема да лажам, а ако мислите дека ова е омраза, тоа е ваш проблем. Ова е очигледно наместено. Поголема лага не може да има“, порача американскиот спринтер.

ВИДЕО | Tинејџер урна рекорд на Болт стар две децении

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот