„Spotify“ избра страна: Отстранета музиката на Нил Јанг, задржани подкастите на Џо Роган

џо роган нил јанг
Фото: Профимедиа

„Spotify“ застана на страната на суперѕвездата на подкаст Џо Роган пред барањето на Нил Јанг.

Легендарниот фолк пејач му постави ултиматум на стриминг сервисот на почетокот на неделава, велејќи дека одбил да дозволи неговата музика да егзистира на истата платформа каде ги има подкастите на Џо Роган. Пејачот ги обвини Роган и неговиот подкаст дека шират лажни информации за вакцините за Ковид-19, и тоа е основната причина зошто Нил Јанг се осмели да го постави барањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob Winner (@winner_usmc)

„Spotify“, наводно, платил повеќе од 100 милиони долари за да биде ексклузивен дом на шоуто на Роган. Во меѓувреме, Јанг ќе изгуби 60% од приходите од стриминг заради неговиот пркосен став, стои изјавата на веб-страницата.

„Сакаме целата светска музика и аудио содржина да биде достапна за корисниците на Spotify. Со тоа доаѓа голема одговорност во балансирањето и на безбедноста на слушателите и на слободата на креаторите“, изјави портпаролот на „Spotify“.

Од почетокот на пандемијата, истакна портпаролот, „Spotify“ отстрани повеќе од 20 илјади епизоди на подкаст поврзани со Ковид. Сепак, протестите на Јанг не беа доволни за тие да се откажат од својата профитабилна ѕвезда.

„Жалиме за одлуката на Нил да ја отстрани неговата музика од „Spotify“, но се надеваме дека наскоро повторно ќе му посакаме добредојде“, додаде портпаролот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by flavio (@geekcosoficial)

Подкастот на Роган привлече околу 11 милиони слушатели.

Писмото на Јанг – кое сега е избришано од неговата веб-страница – не внимаваше на зборовите во обвинувањето кон стриминг гигантот дека му дал незаслужена платформа на Роган и неговите „дезинформации“ против вакцината за Ковид-19.

„Сакам веднаш да му дадете до знаење на „Spotify“ ДЕНЕС дека ја сакам целата моја музика надвор од нивната платформа. Го правам ова затоа што „Spotify“ шири лажни информации за вакцините – потенцијално предизвикувајќи смрт на оние кои веруваат дека дезинформациите се шират од нив“, напишала 76-годишната рок икона.

Белешката вклучуваше дури и формален ултиматум,

„Можат да го имаат Нил Јанг или Роган. Не и двете.”

Во соопштението објавено на неговата веб-страница, Јанг им се заблагодари на неговиот издавач „Hipgnosis“ и неговата етикета „Warner Records/Reprise“ за поддршката на неговиот ултиматум.

„Губењето на 60% од светскиот приход од стриминг со напуштање на „SPOTIFY“ е многу голема работа, скап потег, но вреди за нашиот интегритет и верувања. Дезинформациите за Ковид се над дозволената линија“

Тој продолжи да ги поттикнува другите уметници да заземат сличен став.

„Искрено се надевам дека другите уметници можат да направат потег, но навистина не можам да очекувам тоа да се случи. Го направив ова затоа што немав избор во срцето. Тоа сум јас. Не цензурирам никого. Ја зборувам мојата сопствена вистина“, рече Јанг.

Иако Јанг конкретно не посочи со кои епизоди се спротивстави, Роган неодамна беше домаќин на д-р Роберт Мелоун, „епидемиологот анти-ваксер“ кој неодамна беше исфрлен од Твитер поради наводно ширење на дезинформации за вакцините.

„YouTube“ ја отстрани епизодата, во која Мелоун ја спореди климата околу јавното здравство на САД со Германија од 1920-тите и 1930-тите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ubetoo (@_ubetoo_)

Видео на денот