Спортските натпревари во Македонија повторно со публика на трибините

фото: rkvardar.mk

Повеќе од една и пол година поради пандемијата на коронавирусот во Македонија, но и пошироко, се одржуваат спортските натпревари без присуство на публика.

Во меѓувреме веќе во добар дел од останатите земји веќе присуствуваат верни љубители на спортот во салите и стадионите во ограничен број, но и воедно со почитување на мерките.

Денеска Министерот за здравство, Венко Филипче ја информираше јавноста дека ќе се дозволи присуство на гледачи на еден дел од спортските натпревари (за што имаше специфични барања) во Македонија, значи со враќање на публиката и неофицијалните лица, нешто што досега не беше дозволено.

Воедно донесена е одлуката за отворање на фитнес центрите и теретаните.

Сето ова доаѓа како дополнување на најавените препораки од Комисијата за заразни болести, за организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколот од 2020 година, односно присуство на 30% од целосниот капацитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот