шопска салата
Фото Профимедиа

Според Си-ен-ен: Шопската салата е меѓу најдобрите во светот

Си-ен-ен објави листа со 24 најдобри салати во светот, а меѓу нив се најде и шопската салата, една од омилените на луѓето ширум нашиот регион. Балканците за неа знаат да кажат дека е „кралица на летните оброци“, пренесува „Бука“.

Имено, шопската салата е традиционално бугарско јадење, кое потекнува од околината на Софија. Името доаѓа од бугарското население Шопи, кое живее во близина на Софија.

Крцкава и шарена, Шопската салата се прави од зрели домати, краставици, печени пиперки, кромид и бело сирење, сите зачинети со маслиново масло и оцет. Боите на состојките го симболизираат бугарското знаме, а вкусот и едноставноста ја прават неопходна летна храна во регионот.

Си-ен-ен истакнува дека салатите го одразуваат духот и идентитетот на земјата, а шопската салата, иако има бугарско име, има легендарен статус речиси насекаде на Балканот.

На листата се најдоа и грчката хориатики, италијанската панзанела, француската нисоаз, американските Коб и Цезар, либанската табуле, тајландската сом там, како и јапонската суномоно – но Балканот веќе ја има својата ѕвезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот