Насловна страница на првиот број на „Стожер“ во 2026 година

Списанието „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија опстојува триесет години

Ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија во текот на 2026 година одбележува јубилеј три децении постоење и објавување домашно и светско книжевно, културно и уметничко творештво, три децении печатено претставување на македонската и на светската книжевност и култура.

Првиот број на „Стожер“ во јубилејната 2026 година содржи: уводник од Марина Мијаковска, главна и одговорна уредничка на „Стожер“; осврти (17) за добитничките дела и за делата на финалистите на конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2025 г.; промоција на збирка автобиографски раскази „Она што се памети живее“ (едиција „Амаркорд“ на ДПМ); разговор на Тони Димков со добитниците на годишните награди на ДПМ за 2024 година.

Ревијата содржи и необјавена поезија од Виолета Танчева-Златева и од Васо Николовски, необјавени раскази од Димитар Пандев, Драгана Евтимова, Ирена Јурчева, Ана Бунтеска и Марија Воденска, објавена песна од Славко Јаневски, објавени раскази од Живко Грозданоски, книжевни осврти од Сузана В. Спасовска, Линдита Ахмети и Ерол Туфан, студија од Ели Маказлиева; сеќавање на Георги Сталев Поповски, сеќавање и поезија од Славица Гаџова-Свидерска, Димо Наум Димчев, Тихомир Јанчовски и Ванѓелко Лозановски; избор фотографии од архивата на НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 328, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 10-13.4.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот