СПЦ е за дијалог со МПЦ

Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква на годишното заседание што заврши вчера во Белград, ја разгледа состојбата на српските цркви во регионот, при што е констатирано, како што се наведува во соопштението, „анимозитет и дискриминација во однос на СПЦ во поголема или помала мера, речиси насекаде – во Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија”.

Во соопштението на Светиот архиерејски Собор на СПЦ, се наведува дека тоа посебно се констатира во Црна Гора, каде неодамна е потрврден антиевропски и антицивилизациски предлог-закон за црквите и верските заедници.

„Секако, насекаде – и во Црна Гора, и во Хрватска и на друго место, има не малку чесни поединци и цели заедници кои се залагаат за правда и слобода на сите. Архиереите ја истакнаа и „тешката состојба на автономната Охридска архиепископија во Северна Македонија, каде во моментов нема директен прогон на архиепископот Јован, епископ, клирик, монах и верник”, но, како што посочуваат, „над глава им виси Дамоклов меч на нов судски прогон”.

Наспроти тоа, српската Црква и натаму, како и досега е за дијалог со тамошната Црква, која веќе со децении е во раскол и за решавање на проблемот на автентична канонска основа“, се наведува во соопштението на Соборот на СПЦ.

На годишното заседание на Српскиот архиерејски собор, е истакнато, меѓудругото, дека најголемиот проблем на Православната црква денес е црковниот раскол во Украина и промашениот обид на Цариградската патријаршија тој проблем да го реши на своја рака, без дијалог со канонската Црква во Украина и со Руската православна црква во целина и без сеправославно советување.

На Соборот, што почна на 8 мај во Жича, а продолжи во Белград, се разгледани тековни прашања од црковниот живот и односите на СПЦ со другите цркви и верски заедници во Србија и регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот